(Видео) Филолошкиот факултет спроведе хуманитарна работилница со своите студенти

Филолошкиот факултет денес организираше работилница на која се подготвуваа пакетчиња за дечињата од Детското одделение во Клиничката болница во Штип.

Филолошкиот факултет по повод празниците секоја година се обидува да организира хуманитарни акции или настани преку кои ќе им се овозможи помош и поддршка на оние на кои им треба.

- Се собравме студентите и вработените на Филолошкиот факултет под иницијативата „Раката подарува, подарокот стоплува“. Во овие тешки моменти во кои се наоѓаме сите ние се обидуваме да им помогнеме на оние на кои им треба - изјави деканката на Филолошкиот факултет, проф. д-р Драгана Кузмановска.

На работилницата имаа можност да присуствуваат сите кои сакаат да помогнат во подготвувањето на пакетчињата или пак во донирање на производи за нив, а во најголем дел беа присутни студентите на факултетот.

- Во оваа акција се вклучивме и ние студентите за да ги израдуваме најмалите. Дечињата заслужуваат многу повеќе, но ете ние скромно, како што ни доликува, сакаме да ги израдуваме. Подготвуваме пакетчиња во кои има храна, облека и играчки - изјави студентката на Филолошки факултет Верица Милорадова.

Настанот се одржа на Кампус 4, а Филолошкиот факултет секоја година пред празниците организира вакви или слични хуманитарни акции со цел да ја покаже својата општествена одговорност.

Последен пат изменето на Петок, 24 Декември 2021 16:15
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…