Како музиката влијае на нашиот мозок

Автор: Ефтимија Јованова (студент на Филмска академија)

Глувците и експериментот Моцарт

16-годишниот Давид Мерил, ученик во Nansemond River High School in Suffolk, Va., сигурно изгубил неколку пријатели поради овој експеримент, но успеал да ја докаже неговата теорија. Тој помислил дека гласната хард-рок музика мора да има лоши ефекти на мозокот и нашол начин да направи тест за штетата што истата ја предизвикува.

Мерил земал 72 стаорци и ги поделил на три групи: една за да направи тест како глувците ќе реагираат на хард-рок музика, друга на која ќе им пушта музика од Моцарт и последната група не би слушала никаква музика.

Младиот истражувач ги сместил сите глувци во неговиот подрум и почнал да им пушта музика, по 10 часа на ден. Секоја група стаорци ја пуштал во лавиринт по три пати во неделата и на почетокот им требало во просек по 10 минути да стигнат до целта. По некое време групата која не слушала никаква музика успеала да скрати пет минути од стартот до целта. Групата која го слушала Моцарт скратила осум и пол минути. Групата, пак, која слушала хард-рок додала 20 минути на нивното време.

Мерил изјавил: ,,Морав за брзо време да го завршам проектот, бидејќи сите стаорци кои слушаа хард-рок музика се убија меѓусебно, почнаа да се јадат меѓусебно. Додека, пак, ниту еден од оние што слушаа класична музика не го направи тоа”.

Слушањето на музика од Моцарт ве прави попаметни, барем привремено.

Извор: www.edu-cyberpg.com 

Последен пат изменето на Вторник, 20 Октомври 2015 11:43
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…