Како изгледа приемниот испит на Универзитетот „Оксфорд“

Покрај одличниот успех во средното училиште, за да се запишете на Универзитетот „Оксфорд“ е потребно успешно да го поминете и приемниот устен испит, кој се реализира преку разговор со менторите од областа за којашто конкурирате.

На пример, едно од прашањата на Отсекот за ориентални студии е: Може ли археологијата да ја докаже или да ја негира Библијата?

На Отсекот за биомедицина студентите би можеле да очекуваат вакво прашање:  . Зошто шеќерот во урината е релевантен показател дека имате дијабетес?

Студентите би требало да знаат да објаснат зошто нивото на шеќер во крвта е поврзано со дијабетесот, ако се земе предвид дека бубрезите се тие кои ги прочистуваат штетните елементи од организмот, но не ја прочистуваат гликозата.

На Отсекот за филозофија, политика и економија се појавува и вакво прашање: Зошто приходот по глава на жител во САД е поголем за 50 до 100 пати во однос на Малави?

Целта на овие прашања не е само да се поттикне подлабоко размислување, туку и да се види како идните студенти реагираат во ситуации кои им се непознати, кога се среќаваат со нови лица, нова средина и сосема неочекувани прашања.

Последен пат изменето на Среда, 21 Октомври 2015 11:39
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…