Саем на студии во Франција 2015

 Францускиот институт и Одделот за високо образование Кампус франс во Скопје имаат чест да ве поканат на Саемот на студии во Франција, кој ќе се одржи в понеделник, 2 ноември 2015 год., во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје.

 Настанот ќе биде отворен за посетители од 11 до 18 часот, а официјалното отворање ќе се одржи во 12.30 ч., од страна на Н.Е. г-ѓа Лоранс Оер, амбасадор на Франција во РМ.

 Овогодишното издание на Саемот на студии ќе понуди разновидна програма и присуство на претставници или алумни на околу 30 француски универзитети, кои ќе бидат присутни за разговор со заинтересираните. Воедно, предвидена е и програма за онлајн разговори со македонски студенти, кои во моментов престојуваат во Франција.

 Новитети на овој Саем се:

  • промоција на новата Програма за пракса во успешни француски компании „Идни професионалци“,
  • јазичното интерактивно катче „Провери го твојот француски!“, каде што посетителите преку квизови и разновидни забавни активности ќе можат да го проверат нивото на познавање на францускиот јазик.

Кликнете ОВДЕ за да се информирате повеќе околу настанот и програмата.

Последен пат изменето на Петок, 30 Октомври 2015 12:55
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…