„Студентско ехо“ излезе од печат

Тринаесеттото издание на весникот „Студентско ехо“ излезе од печат и е достапно за сите читатели и студенти. Студентското списание го изготвуваат студентите на новинарство и односи со јавноста на Правниот факултет и е поддржано од Студентскиот парламент при Универзитетот „Гоце Делчев“.

Студентско ехо“ е студентско гласило кое нуди голема можност студентите заеднички да го артикулираат својот глас преку пишаниот медиум. Студентското списание им нуди пракса на студентите на новинарство од областа на печатените медиуми, можност за професионално надградување и простор за креативно изразување. Воедно, списанието претставува информативен, едукативен и забавен медиум за останатите читатели.            

Освен тоа, „Студентско ехо“ е отворено и за останатите студенти кои сакаат да волонтираат во редакцијата со свои текстови.

Списанието излегува три пати во текот на студиската година и бесплатно се дистрибуира во сите наставни центри на Универзитетот. Целокупниот тираж е бесплатен за сите читатели. Редакцијата може да ја контактирате на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на официјалната Фејсбук страница на списанието www.facebook.com/studentskoeho.

Најновото издание може да го најдете и на следниов линк.

Последен пат изменето на Петок, 11 Декември 2015 10:07
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…