Студентите се натпреваруваа со своите бизнис-идеи

Двесте студенти поделени во групи на Факултетот за туризам и бизнис логистика, во Наставниот центар – Скопје, се натпреваруваа за своите бизнис-идеи.

Младите претприемачи-студенти ги презентираа своите бизнис-идеи со цел да им ги продадат на потенцијалните купувачи. Натпреварот беше дел од Наставната програма по предметот Менаџмент на мали и средни бизниси, под менторство на докторанд асс. м-р Оливер Филипоски и доц. д-р Елизабета Митрева.

Студентите имаа одлични идеи за производство и монтажа на соларни системи, на мед, дизајн и нови начини на производство на обувки, столови за конференциски простории и уште многу други креативни идеи. 

Оценувањето на бизнис моделите се реализираше пред жирито составено од предметниот професор и асистент, како и од потенцијалните купувачи - студенти преку анонимен анкетен прашалник.

Ваквата можност ја искористија студентите со добра иновативна бизнис-идеја за најдобриот бизнис-план. Она што повеќе радува е дека студентите своите уникатни идеи ги претставија преку солиден бизнис модел и смислуваа начини да креираат поголема потрошувачка вредност од онаа која веќе постои.

Последен пат изменето на Понеделник, 14 Декември 2015 16:13
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…