Студент од УГД со самостојна изложба на фотографии

Студентот на Технолошко-технички факултет Благој Китановски ќе одржи самостојна изложба во Домот на младите во Штип. Изложбата ќе се одржи утре (19.2.2016 г.) во 20 часот во Домот на младите, а гости за време на изложбата ќе бидат двајца ди-џеи кои ќе ја збогатат атмосферата.

Благој Китановски е фотограф на студентското списание „Студентско ехо“ и повеќе од шест години се занимава со фотографија.

- Идејата за изложбата ја добив размислувајќи околу тоа како класиката сѐ помалку се почитува како стил и сѐ помалку се користи, а никогаш не умира и не излегува од мода. Помислата на класика асоцира на црно-бела фотографија, минимализам и едноставност, а едноставното секогаш е убаво - вели Благој.
На изложбата ќе бидат претставени 30 фотографии во класичен стил, а целата сесија е работена повеќе од четири месеци заедно со пет модели кои се дел од фотографиите.

Со факултетот ги засакав модната фотографија и модните ревии. Сакам да сликам модели и модни ревии и така таа желба ми се префрли на фотографијата воопштовели Благој

За изложбата се направени 1.300 фотографии, а од нив се избрани 30 за да се претстават пред публиката. Модели на фотографиите се Јетон, Наталија, Деан, Ана и Христијан.

Името на фотографската колекција се добива од презимињата на моделите - IKBKG (Исуфи, Крстова, Бутевски, Китановски, Ѓорѓева). По оваа изложба Благој заедно со младите од групата IKBKG планираат уште еден голем настан и учество на модните недели низ Македонија и пошироко.

Изложбата во Домот на младите поради присуството на двајцата ди-џеи (Dj Lex и Dj Sandex) ќе биде своевидна забава, а влезот е бесплатен.

Брошура (.pdf)

Последен пат изменето на Четврток, 18 Февруари 2016 13:08
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…