Интернационална студентска конференција во Приштина

Универзитетот во Приштина организира интернационална студентска конференција. Иницијативата доаѓа од студентите по економија и право, при што главната мисија на оваа конференија, помеѓу другото, е да се промовираат академските вредности на интернационално ниво.

Темата на конференцијата е „Глобализација: Влијание врз трговијата, економијата и правото“. Конференцијата ќе се одржи на универзитетскиот кампус во Приштина во периодот од 3 до 4 мај годинава.

Апстрактите заедно со апликациите за учество во конференцијата треба да се испратат на е-адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., најдоцна до 1 март.

Темите кои можат да бидат опфатени во студентските трудови, како и сите други услови за учество, можат да се погледнат на овој линк.

Последен пат изменето на Вторник, 23 Февруари 2016 10:50
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…