„Знам, значи делувам“ – семинар во Украина

„Знам, значи делувам! Улогата на младите во информациската војна“ е темата на седумдневниот семинар во кој ќе учествуваат 40 млади Европејци.

Темите ќе ја покријат пропагандата, правото на пристапот до информации и слободата на медиумите.

Семинарот ќе се одржи во периодот од 24 до 30 април 2016 година во Украина. Право да се вклучат имаат сите млади активисти од Европа кои сметаат дека можат да дадат придонес во подигнувањето на свесноста за овие теми.

Заинтересираните кандидати треба да ја испратат својата апликација најдоцна до 28 февруари 2016 г. на овој линк.

Последен пат изменето на Вторник, 23 Февруари 2016 14:16
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…