Парализиран сликар кој црта со уста

Во 2009-тата Хенри Фрејзер бил 17 годишно момче кое играло рагби. Но додека престојувал во Португалија каде бил на одмор со пријателите, му се случила несреќа која комплетно му го променила животот, имала фатални последици...

Автор: Ефтимија Јованова (студент на Филмска академија)

Во 2009-тата Хенри Фрејзер бил 17 годишно момче кое играло рагби. Но додека престојувал во Португалија каде бил на одмор со пријателите, му се случила несреќа која комплетно му го променила животот, имала фатални последици. ,,5тиот ден од престојот во Португалија истрчав во водата и се нурнав. Но, мислев дека е длабоко, а всушност се нурнав во карпи”- се сеќава Хенри. Скршил 4 пршлени во вратот и останал да плута со лицето надолу. Негов пријател му го спасил животот кога сфатил дека нешто не е во ред и му го изнел телото од водата. По 6 години од несреќата откако веќе се соочил со безброј операции, Хенри имал неверојатно позитивен и инспиративен дух. ,,Кога бев млад бев физички јак, но не бев психички силен, сега е обратно”- вели Хенри. Желбата да се фокусира на тоа што може, а не на тоа што не може да го направи го довела до јавни говори и му ја поттикнала љубовта кон цртањето. Без никакво мрдање и чувство во неговите раце, Хенри сега веќе е сликар кој ја користи само устата и посебни четки со држачи. Има голем број на слики, вклучувајќи слики од Хари Потер, Усаин Болт и Дејвид Бекам.

Мислам дека ваква трагедија може да му се случи на секој од нас, но тоа не значи дека треба да се откажеме од нашите соништа. Ако може нешто да го посакаме, со сигурност можеме да го оствариме. Ова младо момче е само еден добар пример за тоа.

Извор: http://telegraph.co.uk 

Последен пат изменето на Вторник, 20 Октомври 2015 09:20
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…