Курсеви од светски реномирани универзитети: онлајн

Учење, забава, откривање на нови пасии или учење на вештини се нешта кои можат да ви го променат животот.

Имено, платформата EdX нуди интерактивни онлајн курсеви или учење на нови вештини од светски реномирани универзитети – МИТ, Харвард, Беркли и многу други.
Курсевите се организирани така што се интересни, забавни и предизвикувачки. EdX има направено селекција на најдобрите курсеви од најдобрите професори во светски рамки, со широк спектар на предмети и теми.

Некои од курсевите нудат и верифицирани сертификати. Целосната листа на достапни курсеви може да се види овде: https://www.edx.org/course.

EdX курсевите се отворени и достапни за сите заинтересирани кандидати. Се што е потребно за да се посети еден ваков курс е уред со интернет врска и секако, желба за учење нови нешта.

Пријавувањето за курсевите може да се изврши преку овој линк: https://courses.edx.org/register.

Извор: www.mladiinfo.eu.

 

Последен пат изменето на Четврток, 15 Октомври 2015 14:34
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…