Онлајн курс: „Е-туризам: комуникациски перспективи“

Курсот „Е-туризам: комуникациски перспективи“ е едно фантастично патување во светот на е-туризмот, кое ги преминува просторот и времето и е тесно поврзано со техниките на коуникација.

 

Курсот ќе истражи како информациските и комуникациските технологии го обликуваат туризмот – како за нашето лично искуство, така и за туристичката индустрија во глобала. Со други зборови, во курсот ќе бидат опфатени следните клучни концепти и комуникациски теории: Онлајн комуникациски модел, Комуникацискиот модел на Роман Јакобсон, Квалитет на онлајн содржини, Кориснички – генерирани содржини, Веб 2.0, Репутацијата на онлајн медиумите, Интеркултурна комуникација и локализација, е-учење и сл.

Овој курс е наменет за сите сегашни и идни студенти од областа на туризмот, менаџментот и комуникациските науки, како и за менаџери и професионалци од областа на туризмот.

Курсот е бесплатен. Повеќе информации за курсот како и пријавување на заинтересираните кандидати може да се оствари на следниот линк:

Линк до online курсот

 

Последен пат изменето на Четврток, 15 Октомври 2015 14:34
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…