Студентски хакатон на УГД

Во рамките на Факултетот за информатика при Универзитет „Гоце Делчев“ ќе се одржи Студентски хакатон. Студентите кои ќе се пријават ќе креираат компјутерски или мобилни апликации на тема „Студентски живот“.

По овој повод е распишан Конкурс на којшто можат да се пријават сите заинтересирани студенти заедно со своите тимови кои ќе учествуваат во овој маратон по програмирање. На настанот учесниците можат да изработуваат различни апликации, како на пример апликација за наоѓање партнер за учење, апликација за планер за журки, апликација за менаџирање на финансии итн.

Пријавувањето е во тим од 2 до 5 члена. Апликацијата може да биде изработена за која  било платформа (веб, мобилни и сл.).

Формуларот за пријавување пополнете го и пратете го на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Рок на пријавување: од 25.10.2015 до 7.11.2015 година.

Формуларот за пријавување и сите дополнителни информации можат да се најдат на Фејсбук настанот на следниов линк: https://www.facebook.com/events/1232345476791748/.

Хаканотот ќе започне на 14 ноември 2015 г. (сабота), а ќе заврши на 15 ноември 2015 г. (недела). По завршувањето, секоја екипа ќе има можност да ја презентира изработената апликација. За најдобриот ќе има симболична награда, а Хакатонот ќе се одржува во просториите на Факултетот за информатика при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип.

 

Последен пат изменето на Среда, 21 Октомври 2015 13:12
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…