Приказ на предметите според таг: nauka
16. Конвенција на Меѓународната мрежа за спорт, здравје и наука одржана во Будимпешта
Професори од Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, како претставници на Универзитетскиот спортски и културен центар на 10 и 11 јуни 2020 година учествуваа на 16. Конвенција и интернационална конференција на Меѓународната мрежа за спорт, здравје и наука организирана од Институтот за промоција на здравје и спортски науки во Будимпешта и Институтот за спортски науки во Сомбатеј – Унгарија.
Универзитетот „Гоце Делчев“, Штип, зема активно учество на 2020 Годишната конференција на Европската асоцијација на универзитети (EUA)
Со цел почитување на мерките за заштита и спречување на ширење на корона вирусот, наместо претходно објавеното место на одржување на конференцијата, Универзитет во Гдањск, Полска, ЕУА го откажа физичкиот настан и презакажа онлајн настан во кој беа опфатени три вебинари, кои ги покрија сите предвидени содржини на конференцијата.
Последна фаза од спроведувањето на БИООТПАД
Проектот БИООТПАД – Плаќај колку што создаваш отпад по 33-месечни активности полека се движи кон својот крај.
Брошура за системот „Плаќај колку што создаваш отпад“ од проектот „Биоотпад“
Излезе од печат брошурата „Примена на системи плаќаш колку што создаваш отпад и самостојни единици за компостирање на БИООТПАД“ изработена од страна на тимот експерти ангажирани од Универзитетот „Гоце Делчев“ за потребите на меѓународниот проект „Плаќај колку што создаваш отпад“.
CEFE Македонија и Економскиот факултет со истражување за економијата во време и по Корона вирусот
CEFE International, во соработка со ЦЕФЕ Македонија и Економски Факултет Штип, реализираат истражување преку кое треба да се соберат податоци кои ќе бидат во корист на политиките, клучните играчи и деловните активности за поддршка на фирмите во светот.