Приказ на предметите според таг: nauka
Повик за трудови за „Student`s Social Science Journal”
Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип го објавува Повикот за доставување на трудови за осмиот број на списанието „Student’s Social Science Journal“ за студентите запишани на прв, втор и трет циклус студии.
Професорките Милошева и Рихтер на 19. Светскиот конгрес на психијатрија
Проф. д-р Ленче Милошева и проф. д-р Кнегиња Рихтер учествуваа со свои научни трудови на 19. Светски конгрес на психијатрија во организација на Светската психијатриска асоцијација.
Проект „Биоотпад“ – се подготвува поставувањето на компостерски единици во Пробиштип
Проектот „Биоотпад“, во кој заедно со странски партнери Универзитетот „Гоце Делчев“ и Општината Пробиштип од македонска страна работат на подобрување во третирањето на отпадот, влегува во фаза која значи практична реализација на зацртаните цели. Тоа значи дека до ноември 2019 година во Пробиштип ќе бидат инсталирани компостерски единици и ќе може отпадот да се селектира, сепарира и обработува и од него да се добива органско ѓубриво.
Годишна конференција на Советот за докторско образование на Европската асоцијација на универзитети
Од 12 до 14 јуни 2019 год. на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Бреша, Италија, проф. д-р Ленче Милошева учествуваше на Годишната конференција на Советот за докторско образование на Европската асоцијација на универзитети.
Пионерски чекори за стекнување навики за сепарирање на отпадот
Имајќи ги предвид проблемите со кои се соочува РС Македонија со несоодветното управување со отпадот, недоволните капацитети на ЈКП низ општините, несовесното фрлање на отпадот и огромниот број на диви депонии, неопходно е преземање на соодветни мерки и активности за организирано управување со отпадот што се создава во населените места, вклучувајќи селектирање, рециклирање, реупотреба, компостирање.