Приказ на предметите според таг: tehnologija
Нова апликација ги „оживува“ ликовите од сликовниците
Сте посакале ли некогаш ликовите од вашите боенки и сликовници за момент да оживеат, да скокнат од страницата и да прошетаат наоколу?
Добрата вест е дека постои апликација која може да ви ја исполни таа желба.
Компанијата „Disney Research“ во соработка со „Walt Disney Company“ развија апликација која цртежите ги претвора во виртуелни 3Д ликови.
Имаш ли своја виртуелна архива?
Ако сѐ уште немате своја виртуелна архива, време е да ја направите со помош на сервисите кои ви овозможуваат складирање на сите важни документи, фотографии и видео содржини на едно место. Виртуелните архиви ви нудат доволно бесплатен простор за вашите најважни содржини, но што е уште поважно, преку овие сервиси имате пристап до својата виртуелна архива преку кој било уред и во секое време.
Апликација која лечи депресија
Диего Пицагали потроши речиси десет години на Универзитетот „Харвард“ правејќи го она што најголем број од професорите во елитните институции го прават: истражување. Конкретно, истражување на депресијата.
„Јутјуб“ има нова конкуренција
Американската компанија „Комкаст“ лансираше нова видеоплатформа наречена „Watchablе“.
Новата платформа е достапна на веб, телевизија, а може да се следи и преку оперативниот систем „иОС“. Интересна е и листата на партнери на Watchable, а меѓу нив можат да се најдат познати имиња, како: BuzzFeeda, GoProa, Voxa, Discovery Digitala, Fox Sports Digitala iFood.tv-a и др.
Слушнете како звучи Wi-Fi
Ако сте користеле интернет пред 15 години, сигурно многу добро се сеќавате на иритирачкиот dial-up звук на модемот кога се обидува да се приклучи на интернет мрежата, денес единствениот звук кој го слушате е звукот на типките кога пишувате. Сепак ова не е случај со Франк Свејн, човекот кој многу јасно го слуша звукот на Wi-Fi.