Среда, Април 24 2024
Следете нè

Голем број студенти и средношколци на настанот „Биди економист“

Економскиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ организираше настан насловен како „Биди економист“. На настанот присуствуваа голем број средношколци и студенти кои имаа можност да следат предавања на исклучително актуелни теми кои побудија голем интерес кај нив.

  • Целта на настанот е да го промовираме Економскиот факултет и да им покажеме на младите што значи да се биде економист и колкаво е значењето на економистите - изјави деканката на Економскиот факултет, проф. д-р Оливера Ѓорѓиева.

Настанот се одржуваше во живо во просториите на Економскиот факултет, а исто така онлајн можеа да го следат студенти и други заинтересирани. На настанот панел-дискусии имаа претставници од големи компании кои дискутираа на теми за претприемништво и бизнис, како и на тоа што значи фриленс, како да се претстават студентите пред своите идни работодавачи, но и за теми како криптовалути и економските импликации од војната меѓу Украина и Русија.

Joomla Gallery makes it better. Balbooa.com