Сабота, Април 20 2024
Следете нè

Отворен ден на Факултетот за образовни науки

Факултетот за образовни науки неодамна ги отвори вратите за средношколците од регионот. Голем дел од средношколци имаа можност да ги видат просториите со кои располага овој Факултет, но и да се запознаат со своите идни професори и асистенти.

„Факултетот е отворен за сите матуранти, за сите средношколци. Сметаме дека ова е место каде што сите можат да се чувствуваат добредојдено. Ние како факултет секогаш имаме еден отворен и близок однос со своите студенти и тоа е една од нашите предности“, истакна деканката на ФОН, проф. д-р Емилија П. Ѓорѓева.

Средношколците имаа одредени прашања поврзани со можностите кои се нудат и студиските програми.

„Ние ги нудиме студиските програми Предучилишно воспитување, Одделенска настава, Педагогија и Историја со археологија“, истакна продеканката на Факултетот, проф. д-р Даниела Коцева.

Воедно овој настан имаше за цел да ја подигне и свеста на средношколците за учителската професија во државата.  

Joomla Gallery makes it better. Balbooa.com