Приказ на предметите според таг: konkursi
Повик за учество во работилници на идеи
Центарот за интеркултурен дијалог во партнерство со European Projects Association и Македонски зелен центар распишуваат Отворен повик за организации од невладиниот сектор во Македонија да земат учество во лаборатории на идеи/работилници.
„Патуваме во Европа 2016“ – Аплицирај и добиј 22-дневно патување низ Европа
Остана уште само една недела за пријавување на студентите за конкурсот „Патуваме во Европа 2016“. Она што некогаш беше далечно и недостижно, ова лето повторно ќе им е на дофат на рака на дванаесет студенти од Македонија. Деветта година по ред преку проектот „Патуваме во Европа“ дванаесет студенти од Македонија ќе добијат уникатна можност да ја истражуваат Европа и да ја промовираат својата земја. Конкурсот е отворен за студенти кои се во завршна година на студирање и кои имаат желба за патување, нови авантури и нови познанства.
Аплицирајте за стипендија за летна школа во Хрватска
Глобалната иницијатива за биомедицина во партнерство со Медицинската школа при Универзитетот во Загреб ги покануваат професионалците од цел свет да присуствуваат на Летната школа за биоетика (ДИБСС) која ќе се одржи во Дубровник, Хрватска, во периодот од 5 до 14 август 2016 годинa.
Грантови за практикантство
Цивика мобилитас објавува Повик за доделување мали грантови за практикантство кои ќе понудат поддршка на интеракцијата меѓу граѓанските организации, другите актери на граѓанското општество и нивните конституенти од Швајцарија и од Македонија.
За да биде подобен за грант во рамките на овој Повик за предлози, апликантот мора да има минимум 18 години и да биде државјанин на Швајцарија со потекло од Македонија и/или пак државјанин на Македонија кој постојано или привремено живее/престојува во Швајцарија.
Повик за Летна школа за авијација
Центарот за обука на пилоти и Министерството за одбрана даваат можност за практична настава за студентите на УГД и останатите студенти од трета и четврта година.