Приказ на предметите според таг: obrazovanie
Заврши втората Летна школа на стоматолозите од УГД
Студентите, асистентите и професорите од насоката Дентална медицина на Факултетот за медицински науки го одржаа вториот Студентски интернационален конгрес „Dental summer school 2019“.
Царинската управа го промовира концептот на овластен економски оператор
Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Царинската управа на РСМ и Регионалната стопанска комора пред студентите го промовираа концептот за овластен економски оператор (ОЕО) во Република Северна Македонија и неговото значење за економските оператори. На настанот беше присутен и се обрати ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, како и управникот на Царинарница Штип, Иван Спасовски и Весна Миладинова, потпретседател на Регионалната комора со седиште во Штип.
УГД го прослави Денот на образование на турски јазик
Групата за турски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во соработка со Турското катче на Институтот „Јунус Емре“ што се наоѓа во Кампус 4 со студентите заедно организираа интерактивна програма за Денот на образование на турски јазик. На оваа прослава гости беа студентите од Групата за турски јазик и книжевност и студентите од Турција кои се запишале на Универзитетот „Гоце Делчев“ со своите наставници.
На Филолошкиот факултет промовирана „Хераклеја линкестис“ од проф. д-р Вања Ангелова
Филолошкиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип во рамките на програмата „Еразмус плус“ е домаќин на уште еден професор од Бугарија. Во рамките на воспоставената соработка со Универзитетот во Велико Трново, во еднонеделен престој на Филолошкиот факултет престојуваше проф. д-р Вања Ангелова.
(Видео) Интервју со амбасадорот на САД: Ако се создадат услови младите ќе се вратат во Македонија
Амбасадорот на САД во Република Македонија, Џес Бејли, во ексклузивно интервју за Универзитетското радио и телевизија одговора на прашања за предизвиците со кои се соочуваат младите и македонското општество.