Приказ на предметите според таг: umetnost
Композиторката Валентина Велковска-Трајановска, професор на Музичката академија на УГД е избрана за претседател на Сојузот на композиторите на Македонија
На Изборно собрание на Сојузот на композиторите на Македонија, што се одржа на 13.2.2021 г., беа избрани новите членови на раководните тела на ова Здружение за следниот мандат од две години.
За претседател на Претседателството на СОКОМ редовните членови ја избраа композиторката проф. д-р Валентина Велковска-Трајановска, со што таа воедно станува и првата композиторка која застанува на чело на оваа институција во нејзиното седумдецениско постоење.
Професорката на Музичката академија при УГД-Штип, музиколог д-р Стефанија Лешкова-Зеленковска беше избрана во новото претседателство кое го сочинуваат и композиторите проф. Живојин Глишиќ, проф. м-р Јана Андреевска, проф. д-р Горан Начевски, м-р Борис Светиев и музикологот д-р Мирјана Павловска-Шулајковска.
За претседател на Собранието на СОКОМ е реизбран проф. д-р Јане Коџабашија.
Интервју со Рисима Рисимкин – декан на Филмската академија при УГД
Со Рисима Рисимкин, кореограф, уметнички директор на меѓународно реномираниот „Танц фест Скопје“, основач на Културниот центар „Интерарт“ за современ танц, а од декември 2020 г. и декан на Катедрата за современ танц на државно ниво при Универзитетот „Гоце Делчев“ разговаравме за местото на македонскиот современ танц во светски рамки.
Повик за млади композитори
Организацијата „Balkan Jazz Orchestra” распиша повик за млади композитори од Балканот, меѓу кои и за композитори од Република Северна Македонија.
„Метафора на телесното“ изложба на скулптури на доц. д-р Слободан Милошески
Во Културно-информативниот центар на РС Македонија во Истанбул, на 10.11.2020 година (вторник), беше отворена изложбата на скулптури од галериски формат насловена „Метафора на телесното“ од авторот Слободан Милошески.
Македонско-јапонското дуо Асами Сате и Ема Попивода наградени од градот Токио на конкурс помеѓу 20.000 проекти
Композицијата за две пијана „Дали паметиш Милице“ - Ноктурно оп. 52 б на македонскиот композитор Димитрије Бужаровски е снимена онлајн, за време на карантинот.