Приказ на предметите според таг: studenti

40 студенти од повисоките години на Факултетот за медицински науки на УГД учествуваат во реализацијата на процесот за масовна имунизација против ковид-19 во Штип. На првиот ден од вакцинацијата во Спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип на пунктовите се најдоа десетмина од нив, останатите ќе се вклучуваат во наредните смени.

- Нашата улога овде е многу важна, ние сме овде на волонтерска база. Повеќе сме вклучени во административниот дел, ги наоѓаме пациентите во „Мој термин“, ги спроведуваме до пунктовите на кои треба да се вакцинираат, им ги даваме основните информации. Вклучени сме вкупно 40 студенти. На Повикот за волонтирање се пријавија над сто студенти, а од нив беа избрани студентите од повисоките години на студирање – изјави Мартина Серафимова, студентка во шеста година на насоката Општа медицина на Факултетот за медицински науки.

Во Штип се стигнати 5000 дози на вакцини од кинеската Синофарм, а за првиот ден се закажани 1000 термини за граѓаните од Источниот и од Југоисточниот регион кои се пријавиле на сајтот vakcinacija.mk.

- Денес термините беа пуштени од десет часот, наместо од осум како што беше планирано, затоа започнавме малку подоцна. Добивме 5000 вакцини, ќе добиваме на секои 3-4 дена нови количини, денес имаме закажано 1000 термини во двете смени. Засега се опфатени највозрасните граѓани. Најстариот пријавен е 100 години, а првиот што го вакциниравме беше 92 години. Сите што се пријавени на сајтот, ќе бидат повикувани во наредните денови, ќе се намалува старосната граница на пријавените за вакцинирање. Од регионот има пријавено околу 20000 лица, бргу ќе се симне границата и ќе бидат повикувани и помладите пациенти – изјави Снежана Трајковска, директор на Здравствениот дом во Штип.

На пунктот за масовна вакцинација беше и градоначалникот на Штип, д-р Сашко Николов, кој изјави дека на првиот ден на вакцинирање се активирани сите оние на кои во претходниот период им беше одложен терминот, а дека сите ангажирани во процесот – од здравствените домови во регионот, Клиничката болница во Штип се подготвени да ги пречекаат сите заинтересирани за имунизација.

Објавено во Студенти

Спортскиот и културен центар при УГД организира вебинар на тема „Трчањето како начин на живот“. Вебинарот ќе го водат искусни спортски работници. Едниот од нив е Кокан Ајановски, тренер во Најк школата за трчање, а заедно со него и Филип Колевски, тренер на атлетски клуб „Куманово“ и член на атлетска репрезентација на Македонија.

Вебинарот ќе се одржи преку платформата Microsoft Teams на 2.4.2021 г. во 17 часот на следниов линк : Microsoft Teams.

Вебинарот ќе одговори на прашањата: Зошто е добро трчањето? Кои се бенефитите од трчањето? Како да почнам да трчам? Како да ја одржам мотивацијата? На што ме учи трчањето?

Објавено во Студенти

Традиционално, по деветти пат, во пресрет на патрониот празник на УГД, Универзитетскиот спортски и културен центар ги организира Универзитетските спортски лиги. Согласно со актуелната состојба, во програмата на спортските игри оваа година се вклучени различни спортови кои ќе се реализираат на отворено. Студентите може да се пријават за учество во некоја од следниве дисциплини:

  • Атлетска трка на 2 км (мажи и жени)
  • Рекреативна велосипедска трка (мажи и жени)
  • Трка со ролери (мажи и жени)
  • Пинг-понг (мажи и жени)
  • Мал фудбал (мажи)
  • Одбојка (мажи и жени)
  • УГД ФИТ предизвик - активност за секој студент (се реализира онлајн, пријавувањето е веќе во тек преку линк за регистрација).

         Пријавување: 

До 29 март на мејл: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или во порака на Microsoft Teams кај професорите по Спорт и рекреација: Ванчо Барбареев (072/252 052) и Љупчо Нехтенин (078/365 015).

Натпревари: од 1.4.2021 до 9.4.2021 година.

Реализација: Сите натпревари ќе се реализираат на отворено, секоја дисциплина во различен ден, со следење на здравствените протоколи.

Се повикуваат студентите од сите факултети да се вклучат во натпреварите. Физичката активност е најдобриот начин за борба со пандемијата. 

Пријавете се, приклучете се и бидете активни. 

За здрав и активен УГД.

Објавено во Студенти
Понеделник, 15 Март 2021 13:00

УГД ФИТ предизвик – ПРИЈАВИ СЕ!

Физичката активност е најефикасниот начин за зачувување на физичкото и менталното здравје и најмоќно средство во борба со пандемијата. Оттука, со цел да ја поттикнеме физичката активност кај студентите на УГД, започнуваме со „УГД ФИТ ПРЕДИЗВИК – активност за секој студент“. Истиот се состои од 6 различни онлајн предизвици креирани од студентите членови на спортските екипи на УГД и наставниците по Спорт и рекреација.

Секој студент на УГД може да одбере еден или повеќе предизвици и да се предизвика себеси и своите колеги да направат најголем број повторувања од дадениот предизвик за време од 30 секунди. Истото треба да се сними и снимката да се прати на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или во порака на Microsoft Teams кај наставниците по Спорт и рекреација.

За најдобрите три резултати во секој предизвик, посебно за мажи и посебно за жени ќе бидат доделени награди од Универзитетскиот спортски и културен центар. Оценувањето ќе го прави комисија составена од наставниците по Спорт и рекреација и студенти – спортисти.

           Пријавување:

  • 27.03.2021 година - Регистрација на посочениот линк  
  • 04.04.2021 година -Краен рок за праќање на снимените видеа на  е- маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или во  порака на Microsoft Teams кај наставниците по Спорт и рекреација (Ванчо Барбареев и Љупчо Нехтенин). 
  • 07.04.2021 година - објавување на победниците 

Награди: обезбедени од Универзитетски спортски и културен центар.

         Кои се предизвиците?

       Предизвик 1: Поскоци на греда

       Наизменично потскокнување и качување на греда со една и со друга нога наизменично на ниска гимнастичка греда (или друга подлога со висина од 40 до 50 см). Се вреднува максималниот број на допири со стапалото на стартната нога за време од 30 секунди. Погледнете го видеото на линкот со објаснување за предизвикот https://youtu.be/kW-1sN3pTdU

      Предизвик 2: Поскоци со јаже

      Суножни (со две нозе истовремено) поскоци со јаже кое студентот сам го врти. Се вреднува максималниот број на поскокувања без прекин во време од 30 секунди. Погледнете го видеото на линкот со објаснување за предизвикот https://youtu.be/18VwLrmAkjw

       Предизвик 3: Предизвик одбојка

      Задржете ја топката високо и со потфрлање покрај телото, одбивајте ја топката над главата наизменично со прсти и подлактница. Бројот на континуирани повторувања на комбинацијата по точниот редослед, во период од максимум 30 секунди се евидентира како резултат. Погледнете го видеото на линкот со објаснување за предизвикот https://youtu.be/aQdnoLx0W8A

         Предизвик 4: Склек (варијанта женски склек)

        Потпрени на дланки и потколеници, рацете се поставени во ширина на рамењата, потколениците се прекрстени и подигнати нагоре, трупот и натколениците се во права линија. Се спушта трупот до подлогата и се крева во почетната положба. Се оценува максималниот број на правилни изведби за време од 30 секунди. Погледнете го видеото на линкот со објаснување за предизвикот https://youtu.be/F6LHb5G_bl0

          Предизвик 5: Склек (варијанта машки склек)

       Потпрени на дланки и стапала, рацете се поставени малку пошироко од ширината на рамењата, целото тело е во права линија. Се спушта трупот до подлогата со допирање на подлогата со гради и се крева назад во почетната положба. Се оценува максималниот број на правилни изведби за време од 30 секунди. Погледнете го видеото на линкот со објаснување за предизвикот https://youtu.be/FuDMqpaDOic

         Предизвик 6: Подигнување на трупот

          Легнати на грб, рацете се прекрстени зад главата, лактите се отворени кон надвор. Нозете се свиткани во зглобот на коленото и прекрстени во зглобот на стапалото. Од положба легнат на грб, се крева трупот и со лактите се допираат колената. Се враќа назад сѐ додека рамењата и лактите не ја допрат подлогата. Се оценува максималниот број на правилни изведби во време од 30 секунди. Погледнете го видеото на линкот со објаснување за предизвикот https://youtu.be/JwLOlzpHYBo

       Регистрирајте се на линкот https://forms.office.com/Pages/ResponsePage.aspx?id=lHrnRHLwj06CGvwtwCzGXUFCxtkPGERHsO9YKQW4OiJUMFo3U1k4STEwMjhMUlQyWDJNN0cySlFFTy4u 

       Одберете еден или повеќе предизвици

  • Снимете го вашето најдобро постигнување
  • Пратете го на мејл: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или во порака на Microsoft Teams кај наставниците по Спорт и рекреација (Ванчо Барбареев и Љупчо Нехтенин).

       Право на учество имаат сите редовни и вонредни студенти на УГД.

        За сите дополнителни информации пишете на мејл: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

        За здрав и активен УГД. Ти можеш! Успех!

Објавено во Студенти

Студентските избори на УГД се веќе во процедура на пријавување. Целата постапка, според новиот закон, е започната, а тоа значи дека студентите можат да се кандидираат за членови и претседател на Факултетско студентско собрание.

Изборот ќе се одржи на 25.3.2021 г. (четврток) по електронски пат.

На денот на изборите секој студент на факултетот на студентската е-пошта ќе добие два линка за гласање за членови и претседател на Факултетско студентско собрание.

Студентите во четврток ќе треба да ја отворат студентската е-пошта за да го остварат правото на глас.

Право да избираат и да бидат избрани за членови и претседател на Факултетско студентско собрание имаат сите активни студенти од прв, втор и трет циклус на студии во рамките на единицата кои се запишани на студии во учебната 2020/2021 година.

Доколку некој студент сака да се кандидира за некоја од позициите ќе треба да поднесе пријава преку продеканот, техничкиот секретар или секретарите на сопствените факултети.

Соопштенија се објавени во делот на соопштенија на веб-страниците на секој факултет.

Објавено во Студенти
Страница 3 од 77

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…