М-р Александар Велинов: Факултетот за информатика при УГД беше мојот вистински избор

Во 2008 год. по завршување на моето средно образование бев на крстопат и морав да донесам одлука каде ќе го продолжам моето високо образование.

Сметав дека најголема перспектива нудат техничките науки. Во тој период во подем беа компјутерските технологии. Затоа се одлучив моето образование да го продолжам на Факултетот за информатика при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Во текот на четиригодишните додипломски студии се стекнав со знаење и вештини благодарение на моите професори и асистенти. По завршување на сите предвидени испити морав да одберам тема за мојата дипломска работа. Решив да одберам област и технологија што до тогаш ја немав изучувано. Иднината ми потврди дека не згрешив, бидејќи научив нешто ново кое подоцна ми користеше на професионален план. Дипломирав во 2012 год. со што се стекнав со назив дипломиран инженер по информатика.

Во 2012 год. го продолжив моето образование на постдипломски студии на Факултетот за информатика при УГД. Во тој период често ќе слушнев зборови дека тоа одземе доста време, дека се многу потрошени средства и сл. Јас сметав дека секогаш може да се усовршуваме и да научиме нешто ново. Во текот на студиите се стекнав со нови вештини и се запознав со вистинската научноистражувачка работа од која плод се неколку мои научни трудови. Во 2016 год. магистрирав на тема од областа на  интернет на нештата, која исто така беше нешто ново за мене во тој период.

Во 2016 год. се запишав на докторски студии на Факултетот за информатика при УГД. Во моментов работам на истражувања поврзани со интернет на нештата, под менторство на проф. д-р Александра Милева. Плод од научноистражувачката работа се повеќе трудови објавени во домашни и во странски списанија во кои сум автор и коавтор. Учествував на повеќе научни конференции и вклучен сум во повеќе проекти. Од оваа година сум и Cloud Ambassador на Amazon Web Services. Моите домени на интерес се: интернет на нештата (IoT), големи податоци (Big Data), анализа на големи податоци, машина-до-машина комуникација (M2M), дигитална стеганографија, компјутерска и мрежна безбедност, облак технологии и мобилни технологии.
Моментално работам како асистент на Факултетот за информатика при УГД и одржувам вежби по повеќе предмети.

Би им препорачал на сите кои треба да донесат одлука за нивното образование - тоа нека биде Факултетот за информатика при УГД. На сите наши студенти им препорачувам да учат нови работи, да стекнуваат вештини и постојано да се усовршуваат. Иднината зависи од вас!

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…