Искуството на студент од УГД во Италија

Како дел од програмата Еразмус плус студентите на Универзитет „Гоце Делчев“ имаат можност да поминат еден семестар во земјите од ЕУ. Така студентот Диме Атанасоски од Факултетот за медицински науки помина еден семестар во градот Ферара, Италија. Неговото искуство го споделуваме во целост.

„Моето Еразмус + доживување беше во прекрасната Италија. Велосипедскиот град Ферара, кој се наоѓа во регионот Емилија-Ромања, изобилува со прекрасни историски градби од средниот век.

Факултетот кој е сместен во болницата ’Кона’ зборува сам по себе за професионалноста на докторите кои со задоволство ни го пренесуваа нивното знаење преку теоретската и практичната настава.

Таму запознав колеги од повеќе земји, имав можност да ја вкусам прекрасната италијанска кујна, како и да посетам дел од градовите во овој регион.

Еразмус искуството може само да се доживее, не може да се прераскаже, па затоа му го препорачувам на секој студент“.


СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…