Приказ на предметите според таг: tehnologija
УГД отсега достапен и на Вибер
Со цел да биде поблизу до своите студенти и до сите заинтересирани, Универзитетот „Гоце Делчев“ креираше Вибер заедница преку која ќе ги информира сите студенти и останати заинтересирани за клучни информации. Вибер заедницата е модерен и едноставен начин за постојана и двонасочна комуникација со студентите и останатите кои се заинтересирани да добиваат информации или одржуваат контакт со УГД.
За да станете дел од заедницата на Вибер кликнете на следниов линк: https://www.ugd.edu.mk/ugd-viber.
АНКЕТА: Како се информираш?
Универзитетските медиуми спроведуваат анкета која има за цел да даде слика за потребите и навиките на младите и притоа да креира начин за нивно подобро информирање.
Мајкрософт го издвојува УГД како пример за добар премин во онлајн учење – 100.000 часа аудио настава, 50.000 часа видео настава и 11.000 онлајн предавања
Компанијата Мајкрософт на својата официјална веб-страница го издвои Универзитетот „Гоце Делчев“ како успешен пример за премин од физичко во учење на далечина (https://aka.ms/UGD_EN).
Можност за учество на 3D/VR виртуелен саем „IoT трендови во 2020"
Факултетот за информатика при УГД учествува на 3D/VR виртуелниот саем „IoT трендови во 2020", што ќе се одржи од 7 до 9 јули 2020 година.
Пријавување за бесплатни сертифицирани курсеви на Мајкрософот
Како резултат на продлабочената соработка меѓу УГД и Мајкрософт студентите и вработените на Универзитетот имаат можност бесплатно да се стекнат со сертификати за Microsoft Azzure, софтвер за Cloud Computing и да бидат дел од менторска програма за Visual Studio.