(ВИДЕО) Шпански научници создадоа 3Д пeчатач кој печати човечка кожа

Истражувачки тим од Универзитетот Карлос во Мадрид и Центарот за енергетика, животна средина и технолошки истражувања изработиле 3Д печатач што може да отпечати човечка кожа со целосна биолошка структура како и природната.

Тимот на биолози тврди дека со примената на овој печатач конечно ќе може да се стави крај на досегашните тестирања врз животни, но и дека отпечатената кожа ќе може на едноставен начин да се користи кај пациенти со висок степен на изгореници.

За правилна функција на печатачот е важно да се знае како функционираат биолошките компоненти, во какви услови треба да се работи со нив, за да не дојде до уништување на клеткитевели Хуан Франциско дел Канизо, еден од истражувачите во проектот

Придонесот од создавањето на овој 3Д печатач е огромен, особено неговата примена во областа на медицинските трансплантации на кожа и при тестирањата кои се вршат во фармацијата и козметичката индустрија.

Целото истражување може да го најдете во научното списание „Biofabrication“.

 

Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…