(ФОТО) „Nature“ објави истражување и фотографии за нашите најстари предци

Најстарите човекови предци биле големи еден милиметар, живееле во морињата и изгледале како стара згужвана вреќа, тврдат научници од престижниот Универзитет Кембриџ, откако на морско дно во Кина пронашле сосема мал фосил стар 540 милиони години.

Се работи за необично суштество со збрчкано тело и несразмерно голема уста, а палеонтологот Симон Конвеј Морис и неговите колеги од Универзитетот во Кембриџ утврдиле дека овие живи суштества еволуциски се уште постари човекови предци од мајмуните и човеколиките мајмуни.

Како водач на истражувачкиот тим, токму на палеонтологот Симон Конвеј Морис му припаднала честа да го именува пронајдениот фосил, а тој му го дал името „Saccorhytus coronarius“.

„Saccus“ значи вреќа, а „rhytus“ е збор со грчко потекло и значи набор и се однесува на необичните набори со кои бил прикриен фосилот.

„Saccorhytus coronarius“ веројатно живеел во плитките делови на морското дно, по дното се движел со помош на наборите, а го карактеризира огромната уста со која ги проголтувал помалите животинки, но се претпоставува дека освен за хранење преку устата го исфрлал и целиот отпад од организмот.

Целото истражување можете да го прочитате во научното списание „Nature“.

Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…