Потврдено постоењето на прастариот континент под Маурициус

Научното списание „Nature Geoscience“ во 2013 година објави истражување според кое се тврдеше дека во близината на Маурициус под Индискиот Океан постоел континент наречен Маурициј. Иако ова тврдење било поткрепено и со докази, сепак од страна на научната јавност долго време се третираше како контроверзно истражување.

Сега повторно се објавени нови докази кои одат во прилог на тврдењето дека под Индискиот Океан се наоѓаат траги од континент кој постоел пред 60 милиони години. Меѓународен научен тим ова тврдење го потврдува со новите истражувања спроведени врз примерок од песок земен од островот Маурициус.

Научниците тврдат дека песокот содржи зрна кои датираат од вулканската ерупција пред 9 милиони години, но и дека содржи минерали кои се многу постари, како на пример полудраги циркони кои со помош на лавата од долниот дел на континенталната кора биле пренесени на површината.

Целото истражување иницирано од страна на Универзитет „Witwatersrand“ од Јужноафриканската Република во целост е објавено во научното списание „Nature Communications“.

Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…