Физичарите пронајдоа метал кој спроведува електрицитет, но не и топлина

Истражувачи откриле метал кој спроведува електрична енергија без спроведување на топлина – неверојатно корисен дел што им пркоси на нашите сегашни разбирања за тоа како работат спроводниците.

Од друга страна, законот на Видеман-Франц вели дека спроводниците на електрицитет се пропорционално добри за спроведување на топлина што резултира со загревање на домашните апарати и моторите при подолго користење.

Американските истражувачи велат дека ова не е случај со вандиум диоксид (VO2), за кој досега е докажана неговата чудна способност да се префрлува од необоен изолатор на 30°C во спроводлив метал на 67°C температура.

Способен да рефлектира инфрацрвена светлина, а притоа да остане транспарентен за видливата светлина.

Ова беше сосема неочекувано откритиевели водечкиот истражувач од BerkeleyLab’sMaterialsSciencesDivision

Ова откритие ќе го промени нашето размислување за спроводниците и ќе биде доста корисно, во иднина овој метал може да се користи кај уредите за конвертирање на топлина во електрицитет или за креации за заштита на прозорци кои ќе ја одржуваат помалку топла внатрешноста на просториите  .

Истражувачите веќе познаваат и други материјали спроводници на електрицитет повеќе од топлина, но тие карактеристики ги имаат на многу ниски температури под нулата, повеќе од -100 степени, и не можат да се практикуваат.

Овој материјал може да се користи за да се стабилизира температуратавели еден од истражувачите

Извор: www.enauka.mk.

Последен пат изменето на Петок, 03 Февруари 2017 12:51
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…