Приказ на предметите според таг: obrazovanie

1. Кои се клучните моменти кои влијаеле во оформувањето на Вашата кариера, од почеток па до денес?

Има неколку клучни моменти и личности во мојот живот кои го одредија она што сум јас денес на професионален план. Најпрвин, тоа беше мојот дедо Јован Чучурски, кој во тие дамнешни години беше наставник во Основното училиште „Дедо Иљо Малешевски“ во Берово. Тој беше главниот „виновник“ за мојот прв контакт со образованието. Благодарение на него, јас сум на училиште уште од кога памтам за себе. И навистина уживав во секој момент поминат во училницата со вистинските, „големи“ ученици. Потоа следуваше денот кога мојот тогашен наставник по биологија Драги Фурнаџиски побара дозвола од моите родители да се запишам во секцијата по биологија за да почне да ме подготвува за републички натпревар. Тогаш бев во петто одделение и имав само десет години. Во осмо одделение го освоив првото место на Републичкиот натпревар по биологија и освоив златен медал на сојузно ниво. И веќе знаев дека биохемијата ќе биде нешто многу значајно во мојот живот.

Објавено во Образование

1. Кои се клучните моменти што влијаеле во оформувањето на Вашата кариера, од почеток па до денес? 

Тешко е да се издвои единствен момент на влијание, но доколку се навратам, можеби еден од клучните моменти е почетокот на моите постдипломски студии на Институтот за социологија при Филозофскиот факултет во Скопје. Имав среќа да студирам кај исклучителни професори, кои влијаеја да се здобијам со повеќе знаење, но и ми всадија мотивација да напредувам во професионалниот развој. Секако еден од клучните моменти беше и студискиот престој кој во периодот 2010-2011 година го имав во рамките на Катедрата за источноевропски студии на Универзитетот во Виена (Австрија), како стипендист на овој Универзитет.

Објавено во Образование

Универзитетската телевизија и Универзитетското радио го продолжуваат серијалот на гостувања на деканите и продеканите на факултетите при УГД, со цел да ги доближат факултетите и наставните програми до сите заинтересирани студенти и средношколци.

Објавено во Образование

Во посета на Филолошкиот факултет при УГД предавање одржа проф. Габриела Клаин, професор по социолингвистика на Универзитетот во Перуџа, Италија. Професорката одржа предавање за присуството на расизмот и говорот на омраза во медиумите и на социјалните мрежи.

Објавено во Образование

1. Кои се клучните моменти кои влијаеле во оформувањето на Вашата кариера, од почеток па до денес?

Она што е предизвик за секој млад човек е да заврши академски студии и, се разбира, да си го пронајде вистинското место во општеството во насока на која се обучувал во текот на студирањето. По завршување на моите академски студии започнав да волонтирам во лабораторијата на Институтот за јужни земјоделски култури во Струмица, а со тоа да ја продлабочувам мојата желба за истражување поврзана со растителниот свет и сите процеси и промени кои настануваат во земјоделското производство. Имав среќа да ми се отворат вратите на Лабораторијата за заштита на растенијата и животната средина, каде што научив и сѐ уште учам многу методи и техники на лабораториска работа.

Објавено во Образование
Страница 27 од 37

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…