Со мобилна апликација до балансирана исхрана

Дали би можеле да замислите како ќе ви изгледа денот без да го користите вашиот паметен телефон, најкорисната алатка која ви помага едноставно да ги организирате дневните активности. Од практични информации за временската прогноза, преку водич за патишта и реализирање на сложени банкарски трансакции, мобилните апликации стана најоптимизираниот информациски сервис.

Во последните неколку години направени се голем број студии за користењето на мобилните телефони за различни потреби поврзани со здравјето и добрата физичка состојба како еден од основните предуслови за креирање на здрави општества во секоја смисла. Не случајно најдобро развиените земји во светот го ставаат токму здравјето на жителите како клучен елемент за економскиот развој и намалувањето на невработеноста.

Постој голем број комерцијалните апликации чија цел е подобрувањето на исхраната и следењето на индивидуалната состојба. М-р Павле Стојановски во својата магистерска теза одбранета на Факултетот за информатика при УГД, наведува неколку  добро познати апликации, истакнувајќи ги нивните предности и недостатоци, но нуди и развоен модел за нова мобилна апликација.

Главниот недостаток кај апликацијата „Личен асистент за здравјето“, дизајнирана од Морило, Редвеј и Смирнов, а која е поврзана со „Google Health“, со цел да се опсервира секојдневниот живот на една личност е тоа што голем број корисници не сакале нивните лични информации да бидат јавно достапни.

Како корисни апликации во своето истражување тој ги наведува апликациите „BeWell“ и „AndWellness“. Првата им помага на корисниците во одржувањето здрав начин на живот со следење на нивните секојдневни активности како што се спиењето, физичката активност и социјалните активности. Втората пак е андроид платформа која е наменета во исто време и за корисниците, но и за истражувачите, а работи со собирање податоци со помош на андроид кој ги зачувува податоците на серверот, врши конфигурација и оди понатаму за да прикаже статистички преглед на учесниците. Корисниците одговараат на анкети во одредени конфигурирани интервали. Одговорите на анкетите се поставени на еден централен сервер преку безжична врска и разложени во една централна база на податоци, која е достапна како за учесниците, така и за истражувачите.

Во својата магистерска теза, Стојановски нуди модел за апликацијата за балансирана исхрана базирана на едноставни параметри. Секој корисник ги внесува своите параметри: пол, старост, висина (cm), маса (kg) и посакувана цел на телесна маса изразена во проценти (%). Како важен параметар е земен и физичката активност на корисникот. Врз основа на внесените параметри, со помош на алгоритам, се пресметуваат BMR (basal metabolic rate) и дневниот внес на протеини, јагленохидрати и масти.

Ако се земат предвид статистичките податоци во Република Македонија според кои 60,5% од мажите и 47,8% од жените на возраст над 20 години имаат зголемена телесна тежина, а околу 20% од возрасните во државава се дебели, тогаш развојот и користењето на ваков тип на мобилни апликации е повеќе од корисно.

Повеќе информации за истражувањето можете да најдете на следниов линк.

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…