Дали компјутерите умираат од старост?

Ништо не е вечно, дури ни електронските уреди. „Луѓето претпоставуваат дека електронските елементи не стареат“, вели Бјанка Шредер, компјутерски научник на Универзитетот во Торонто.

Сепак, дури и стандардна мемориска картица може да почне да „попушта“. „Изненадувачки е, но многу од компјутерските елементи кои ги набљудувам покажуваат знаци на стареење“, вели Шредер.

Сепак, професионалците знаат релативно малку за животниот век на компјутерските компоненти.

„Немаме многу податоци“, признава Шредер. „Луѓето најчесто не ги користат нивните компјутери доволно долго за да сфатат дали тие умираат“.

Не треба ни да се споменува дека произведувачите на компјутерски делови не сакаат да објавуваат рок на траење на нивните продукти, и според Шредер, „тие немаат точна информација за тоа како овие производи ќе се однесуваат на терен“. Лабораториското тестирање ретко ги исполнува физичките налети, температурните промени и акумулацијата на прашина во секојдневното користење.
Малку факти се познати. Во 2014 година, софтверскиот инженер Брајан Бич изложи релевантни податоци за Backblaze, компанија за складирање на подотоци која управува со 35.000 тврди дискови во секое време. Тој откри дека 5 проценти од тврдите дискови умираат во првите 18 месеци, најверојатно поради грешка во производството. Во текот на наредните 18 месеци, умираат уште 1.4 проценти годишно, додека после 3 години употреба, останатите дискови умираат со околу 11 проценти годишно.

Експертите ова го нарекуваат „крива када“, поради лошиот процент на неуспешност веднаш по производството и уште повеќе – „на стаара возраст“. Овој поим се однесува на хардверот.
Но софтверот, исто така може да остари. Веб пребарувачите попуштаат во својата меморија со тек на времето, а често користените системски фајлови даваат се помалку ефикасен пристап до податоците.

Ова стареење може да не доведе до целосна смрт – на пример, корисникот може да го оживее системот преку негово рестартирање, но ова може да го успори компјутерот до неговo буквално ползење.

Извор: www.popsci.com.

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…