Ако сте користеле интернет пред 15 години, сигурно многу добро се сеќавате на иритирачкиот dial-up звук на модемот кога се обидува да се приклучи на интернет мрежата, денес единствениот звук кој го слушате е звукот на типките кога пишувате. Сепак ова не е случај со Франк Свејн, човекот кој многу јасно го слуша звукот на Wi-Fi.

Не се работи за човек со ретка генетска мутација, туку единствената разлика која му помага да ги слуша звуците кои ние не можеме да ги слушнеме е неговото слушно помагало и интелигентниот софтвер кој го користи.

Франк Свејн почнал да го губи слухот на 20 годишна возраст и од тогаш користи различни слушни помагала. Во исто време Свејн се обидувал својот недостаток да го претвори во предност, па почнал да истражува звуци кои луѓето не можат да ги слушнат. Така го открил звукот на Wi-Fi.

Во целиот проект за идентификација на  звукот му помогнал аудио артистот Даниел Џонс со кого го израдиле софтверот Phantom Terrains  кој овозможува прецизна регистрација на звукот. Софтверот кој се инсталира на iPhone, со помош на вградениот Wi-Fi сензор е во можност да прибира податоци како што се имиња на рутери, оддалеченост на уредите и начинот на нивното шифрирање.

„Јачината на сигналот и насоката се префрлени во звучен запис кој се состои од преден и заден звучен слој. Звучниот запис константно е поврзан со моето слушно помагало така што ретките звуци стануваат дел од моето звучно поле. Се додека го имам  ајфонот со себе, можам да слушам како звучи Wi-Fi”, наведува Свејн во својот есеј објавен во научното списание New Scientist.


Одбележен под
Share this article
Повеќе во оваа категорија: Твојот нов пријател – роботот »

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…