Тежината на војната

Модерната технологија дава одговор на старите прашања околу физичкиот терет на војниците за време на борба.

Иако современиот оклоп е составен од балистички влакна и керамички плочки, лесен по средновековните стандарди, војниците и понатаму носат до 16 килограми што е еднакво на просечната тежина на пет годишно дете.

Свесни за напорот кој го носат трупите, војската и маринците имаат за цел да го олеснат панцирот за 10 до 15% во текот на наредната деценија, без промена на неговите останати карактеристики.

„За да го направат тоа“, вели потполковник Френк Лозано, поранешен менаџер на производство во извршното биро на војската на САД, „војската влегува во нови полиетиленски балистички влакна кои би можеле да формираат униформи појаки од челик, а во мала количина и фино подесен керамички оклоп кој ќе ја дополни заштитата.“

Војската на САД исто така го проектираше оклопот да биде модуларен, така што војниците ќе можат да го прилагодуваат спрема потребите на мисијата.

Во патролите без можни опасности, на пример, војниците ќе можат да ја тргнат керамичката наметка и да облечат друг мек оклоп кој ќе го скријат под облеката.

„Тоа овозможува максимално движење и мобилност“, вели Лозано, „така што нуди најлесна можна заштита“.

Производството на следната генерација на оклопи ќе почне во 2016 година.

Извор: http://popsci.rs/.

Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…