„Не игнорирај! Реагирај“ – Кампања за чиста животна средина

Нема загрижувачки податоци за загаденоста на водите и почвата во Штипскиот и Скопскиот регион, покажуваат резултатите од мерењето на квалитетот на водата, почвата и воздухот во овие региони, во рамки на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“. Оваа кампања ја реализираат Институтот за комуникациски студии и Факултетот за природни и технички науки при УГД, кој ги изврши мерењата преку Универзитетската лабораторија за животна и работна средина „АМБИКОН“.

„Оваа кампања ја правиме врз основа на загрижувачките податоци за животната средина. На пример, според податоците од Светска банка, Македонија годишно троши повеќе од 300 милиони евра за здравствени потреби предизвикани од аерозагадувањето, а според Светската здравствена организација, околу 1300 луѓе годишно умираат како последица исто така на аерозагадувањето. За квалитетот на водите загрижувачки е што само 7% од отпадните води се прочистуваат, но и во тие случаи не се користи соодветна технологија. За почвата, пак, уште нема јасна регулатива. Сепак, овие податоци се само појдовна основа за институциите, надлежните, државата да преземат мерки и да издвојат повеќе средства за да се реализираат стратешки, а не ад хок решенија“,    изјави Дејан Андонов од Институтот за комуникациски студии на презентацијата на резултатите од кампањата, која се одржа на УГД.

Овие истражувања имаат едукативен и информативен карактер, за повисоко ниво на научни податоци и мерки е потребно и државата и институциите да се вклучат со повеќе средства и ресурси за да се вршат истражувања во уште поголем обем“, смета проф. д-р Дејан Мираковски. „Во тој смисол, како резултати од едукативен и информативен карактер, податоците се главно позитивни. Земени се примероци од водите во реките Вардар и Брегалница и во нив не е забележано присуство на тешки метали. Кај почвата, бидејќи немаме соодветна регулатива и нема со кои претходни наши истражувања да ги споредиме, ги споредивме со резултатите на Владата на Холандија и покажуваат дека нема тешки метали во земјоделската почва (примероци од Штипско се земени кај Чардаклија и Крупиште). Кај воздухот, беа мерени концентрациите на суспендираните честички во затворени простории – занимални, училници, спортски сали, а со специјална опрема беа следени велосипедисти – едниот возеше во урбана зона, покрај булеварите, а другиот на кеј, каде што нема директно влијание од сообраќај. Бројките очекувано покажуваат дека многу фактори влијаат и дека бројките внатре може да бидат многу полоши од тие надвор“.

Видео

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…