Твојот нов пријател – роботот

Андреа Томаз, водич на Лабораторијата за социјално интелигентни машинини во Џорџија, е предавач на еден и единствен ученик: робот со светлечки уши по име Кари. Кога ја прашале како таа предвидува дека ќе се одвива животот на роботите, таа одговорила:

„Личните роботи ќе бидат ситуирани во човечки средини, а инженерите ќе имаат потешкотии при измислувањето на сите можни работи кои роботите можат да ги направат. Мојата лабораторија пробува да им овозможи на крајните корисници сами да ги тренираат роботите. Размислуваме за разни елементи – од самата интеракција: како роботот да постави прашање, како да ја побара конкретна информација; па се до учењето на самата машина, односно алгоритмите кои ќе се занимаваат со разните влезни податоци кои луѓето ќе им ги внесат.“

Интеракцијата со роботот Кари, Томаз ја објаснува вака:

„Ние го учиме Кари да ни помогне во кујната, да стави малку тестенини од лонецот во чинијата и да стави сос на крајот.

Еден од начините да се направи тоа е физички да му се покаже на роботот како тоа се прави. Велите:

„Еве Кари, помогни ми да ти покажам како да сервираш тестенини.“. Потоа го прашувате „Можеш ли да ми покажеш што научи?“.

Роботот ќе проба да ја повтори задачата, а во меѓувреме би можел и да праша: „Дали е важно во овој момент, мојата рака да биде овде?“. Сето ова има цел да се направи што е можно подобар модел на робот.

Извор: www.popsci.rs.

 
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…