Обуки за компостирање во Пробиштип

Откако на почетокот на декември во Пробиштип беа монтирани двете компостерски единици набавени по проектот БИООТПАД во кој Универзитетот „Гоце Делчев“ е партнер, веќе е извршена и обука на претставниците од ресторани и хотели и институции кои ќе одлагаат органски отпад во една од компостерките.

Оваа обука беше реализирана во два дела. Теоретскиот дел е спроведен од проф. д-р Марија Хаџи Николова, екстерен експерт по работен пакет 4. Таа пред претставниците ги претстави основните цели на проектот, што претставува процесот на компостирање, зошто е добро да се компостира, пионерските чекори во процесот на рециклирање. Акцент беше ставен на главната цел,  а тоа е заштита на животната средина.

Понатаму со помош на летоци и презентација јасно беше назначено кој органски отпад може и смее да се става во компостерката, а кој не смее и не може. Согласно со упатството за користење беа претставени чекорите на компостирање.

Техничките лица за УГД и за Општина Пробиштип по работен пакет 3 – проф. д-р Ѓорѓи Димов и Марјан Михајлов укажаа на важноста на овој пионерски проект во менувањето на навиките, давањето пример на градот, заедницата и воопшто на државата, бидејќи овој проект може да се рашири како една добра пракса низ цела Македонија.

Во вториот дел од обуката на претставниците практично им беше покажано како работи компостерката и како тие во иднина треба да го одлагаат органскиот отпад.

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…