Втор државен FLL натпревар на Република С. Македонија

Факултетот за информатика на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип ќе биде домакин на вториот државен FIRST LEGO League натпревар на Република С. Македонија.

Натпреварот ќе се одржи  на 22.03.2020 година (недела) со почеток во 10 часот, во просториите на Факултет за информатика, Кампус 2 на УГД. Коорганизатори на натпреварот се „Академијата за роботика и иновации“ од Скопје, Факултетот за информатика, УГД - Штип и Факултетот за електротехника и информациски технологии, УКИМ - Скопје. „Академија за роботика и иновации“ ја доби лиценцата за регионален партнер претставник на FLL и FLL junior за нашата земја, под оперативниот партнер „EduACT“, Република Грција.

Оваа година ќе се натпреваруваат 14 тимови од Македонија и еден тим од Република Албанија, составени од 3 до 10 деца на возраст од 9 до 16 години. Тема на проектот годинава е „КАКО ДА ИЗГРАДИМЕ ПОДОБАР ГРАД ЗА ЖИВЕЕЊЕ (CITY SHAPER)“. Дополнително, тимовите мора да дизајнираат, изградат и програмираат робот со користење на LEGO MINDSTORMS технологијата и да се натпреваруваат со другите тимови уште во уште три категории: Роботски дизајн, Роботска игра и Основни вредности.

Најдобрите два тимови, ќе можат да учествуваат на светското првенство во Хјустон во периодот од 15.04.2020 до 18.04.2020 година и интернационалното првенство во Грција во периодот од 13.05.2020 до 16.05.2020 година.

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…