Бесплатен курс за студентите на УГД за сајбер безбедност

Студентите на Универзитетот „Гоце Делчев“ имаат можност да посетат онлајн курс на тема сајбер безбедност. Сите кои ќе го поминат курсот ќе добијат соодветен сертификат, а најдобрите ќе добијат и подароци од организаторите.

Курсот е развиен во партнерство со локални украински експерти од компаниите Ernst & Yang и Technomatix. Станува збор за БЕСПЛАТЕН курс кој ќе им помогне на студентите да научат кои се најголемите закани во дигиталниот свет, да научат кои лични податоци се мета на хакерите, да научат како да ги заштитат своите лични податоци и своите електронски уреди.

Курсот вкупно трае 60 минути, а поделен е на 10 анимирани видеомодули. Секој модул трае од 5 до 7 минути. На крајот имате тест кој ги покрива темите од сите модули.

Преку овој курс учесниците ќе имаат можност да ги научат најчестите грешки кои се прават на интернет, ќе научат како да ги заштитат своите мобилни телефони,  компјутери или и-мејл адреси.

Хакерските напади преку интернет се огромна закана за младите. Често нивните фотографии, нивните лични податоци или конверзации се лесен плен на хакерски напад ако не се заштитени.

За да научите како да си ги заштитите вашите лични податоци, на вашите мобилни телефони и компјутери пријавете се БЕСПЛАТНО на: https://cybereducation.org/mc/index.php/usr/login/registration?lang=mk&fbclid=IwAR369YQD9aA5FXU-GYPmrYtJk9uJtjCBREoQ8_F7HuTURoHEbafmeBznTe8.

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…