„Јутјуб“ има нова конкуренција

Американската компанија Комкаст лансираше нова видеоплатформа наречена „Watchablе“.

Новата платформа е достапна на веб, телевизија, а може да се следи и преку оперативниот систем „иОС“. Интересна е и листата на партнери на Watchable, а меѓу нив можат да се најдат познати имиња, како: BuzzFeeda, GoProa, Voxa, Discovery Digitala, Fox Sports Digitala iFood.tv-a и др.

Добрата страна на новата видеоплатформа е што корисниците не треба да бидат претплатници за да можат да ги гледаат видеата, а содржините се распоредени според категории – забава, игри, музика, вести, наука, технологија, спорт и сл.

Освен што целите на компанијата се свртени кон крајните корисници, Комкаст размислува и за тоа како да ги привлече компаниите кои би се рекламирале, така што им нуди дури 70 проценти од приходот заработен преку реклами, што е значително повеќе во споредба со „Јутјуб“ и „Фејсбук“, кои за компаниите издвојуваат 45 проценти.

Во моментот, сервисите на „Гугл“ користат повеќе од 1 милијарда корисници во светот, а нивниот годишен приход во минатата 2014 година изнесуваше 4 милијарди долари.

Дали „Watchablе“ ќе може да ја достигне популарноста на „Јутјуб“ проценете сами, еве како функционира „Watchablе

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…