Апликација која лечи депресија

Диего Пицагали потроши речиси десет години на Универзитетот „Харвард“ правејќи го она што најголем број од професорите во елитните институции го прават: истражување. Конкретно, истражување на депресијата. 

Неговите претходни истражувања останаа во лабораторијата и никогаш не еволуирале во нешто применето во секојдневниот живот. Тогаш тој разви нешто што беше премногу добро за да помине незабележано: софтвер кој, како што вели Пицагали, може да помогне во лечење на депресија.

Сега, со помош на бизнис инкубатор во Балтимор, Пицагали го претвора неговиот изум во практична апликација.

„’MoodTune’ ќе бидат серии на едноставни игри кои, доколку се играат редовно, можат да помогнат во лечењето на депресијата“ велат Пицагали и неговите колеги
Пицагали тврди дека можеби решението што го бара некој кој е во депресија е во вклучување на апликацијата петнаесет минути во денот.

Може ли нешто толку едноставно да функционира?
Пицагали започна со својата работа во полето на депресијата во 1999 година, а во 2001 година ги издаде најголем дел од неговите влијателни научни трудови.
Овие трудови се фокусираат на биомаркери, сигнали кои ги дава мозокот додека се подложува на психотерапија и антидепресиви. Доколку ѕирнете во мозокот ќе видите дека одредени делови се вклучуваат или не се вклучуваат во зависност од третманите. Доколку некој дел се вклучи или не предвидува со голема точност дали некој третман функционира или не.

Размислувањето продолжува со прашањето: како на друг начин да се осветлат овие делови? Мозокот може да се приспособи соодветно без употреба од таблети.

„Дел од предната мозочна кора е поврзана со депресијата и, исто така, е поврзана со брзото донесување на одлуки, така што, можеби, правењето брзи одлуки би помогнало во лечењето на депресијата“вели Пицагали

Тој разви десктоп програма во неговата лабораторија за да го тестира горенаведеното и беше задоволен со резултатите, така што реши да се посвети повеќе кон овие технолошки примени на неговите истражувања.

Имено, постојат многу апликации за подобрување на здравјето на технолошкиот маркет, кои во суштина не функционираат подобро од пласибо, но Пицагали инсистираше дека науката ќе ја поддржи неговата апликација.

Така, Пицагали заедно со својот соработник Андре Кониг развија бизнис модел, најдоа инвеститори и дизајнираа прототип на апликацијата. Доколку сѐ се одвива според нивните планови, апликацијата „MoodTune“ ќе излезе на пазарот до крајот на пролетта 2016 година.

* * *
Како ќе функционира „MoodTune“?
Ќе ја отворите апликацијата и ќе бидете пренасочени до едноставна игра (до сега, како што вели Кониг, се направени шест или седум игри). Пицагали даде пример на игра која ќе биде користена за разонода.

На екранот се појавува лик: корисникот, односно пациентот, гледа во ликот додека над него се појавуваат зборовите: „среќен“, „среќен“, „тажен“, „среќен“. Корисникот ќе биде „погоден“ од сериозна когнитивна дисхармонија кога ќе се обидува да ги спои ликовите со зборовите.
Кога корисникот ќе заврши со играта добива поени за неговата игра, како и краен резултат на неговиот прогрес во лекувањето.

Извор: http://popsci.com 

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…