Најголем дел од вас можеби ја знаат компанијата „Литро“ (Lytro) по нивните камери кои можат да го местат фокусот на фотографијата каде што ќе посакате. Сега оваа компанија го изненадува светот со нов производ кој претставува камера за снимање виртуелна реалност и можност гледачот да ужива во 3Д снимено видео.

Ова не е непознато на пазарот, но „Литро“ одат чекор понатаму, освен што можете да се движите горе-долу, лево-десно, оваа камера овозможува движење и во длабочина на снимката, односно напред-назад.

Со снимката од оваа камера можете да се движите во просторот кој е снимен. Досега можеше да гледате видеа со виртуелна реалност, но само заглавени во една точка и да се движите околу една оска на сите страни. Постои видео кое доловува на кој начин снима оваа камера.

Нема информации за цената на оваа камера, но најверојатно ќе биде со шест цифри. Секако дека камера за која е потребен посебен сервер нема да чини многу евтино.

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…