Компјутерите можат да ги „почувствуваат“ емоциите во книгите?

Како што велат многу автори – приказните имаат емотивна рамка. Додека читате книга вие ги чувствувате емоциите на протагонистите во приказната, вие ги споделувате стравовите на главниот лик, вие се нервирате за неправдата што им е нанесена, се изненадувате кога претпоставките се грешни и уживате кога ќе се разрешат проблемите. Што ако компјутерите, исто така, можат да ги почувствуваат емоциите во книгите?

Анализа на 3.377 дела го покажа токму тоа, дека компјутерите можеби и можат. За оваа работа научниците користеа онлајн репозиториум со бесплатни книги – Проект Гутенберг. Во овој репозиториум делата се поделени во неколку жанрови – мистерија, хумор, фантазија, хорор, вестерн и научна фантастика. За да ги следат емоциите во делата научниците користеле огромен онлајн речник кој ги карактеризирал зборовите според чувствата што ги предизвикува, а се поврзани со: бес, одвратност, страв, радост, тага или изненадување. Опремени со овие алатки компјутерите давале оценки за секоја реченица во книгите, односно оценувале која реченица во книгите какво чувство предизвикува.

Изненадување за научниците било тоа што емотивната рамка што им била дадена им помогнала на компјутерите да го одредат жанрот на книгата. Во научниот труд што е објавен во списанието „Плос оне“ компјутерите точно го одредиле жанрот во 50% од случаите, многу повеќе од случаен погодок кој изнесува 17% од случаите. Најчестата грешка што ја правеле компјутерите е кај книгите од жанрот хорор, бидејќи ги мешале со жанрот научна фантастика или фантазија. Ова не е толку изненадувачки со оглед на сличноста меѓу овие жанрови. Најјасно компјутерите ја одредувале емоцијата „страв“.

Извор: www.sciencemag.org

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…