Во Швајцарија ќе се гради облакодер со дрвја

Градските власти на Лозана ја одобрија изградбата на 26-катниот облакодер кој практично ќе биде шума на катови. Зградата ќе биде висока 117 метри, а ќе се состои од станови за живеење, како и деловен простор. Швајцарците се надеваат дека зградата која ќе има 3.000 метри квадратни зелена површина ќе биде вистинска атракција за посетителите.

Осмислувањето на конструкцијата не било воопшто едноставно, бидејќи при планирањето на просторот требало да се земе предвид сместувањето на луѓето, но и на зеленилото.

Најголемиот предизвик за идејните творци бил коренот на дрвјата кој брзо се шири, заради што биле изградени посебни бетонски лежишта кои имаат за цел да го спречат ширењето на коренот на непланираните места.

Покрај стотина стебла, ќе бидат посадени и 6.000 грмушки и 18.000 цвеќиња.

Проектот е дело на италијанскиот архитект Стефано Боери, а изградбата на зградата ќе започне во 2017 година.

Извор: http://discovery.com 

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…