Американски научници развија микрочипови од дрво

Научници од Универзитетот „Висконсин Медисон направија компјутерски чипови од наноцелулоза, односно од дрво. Овие микрочипови работат како и стандардните, а единствената разлика е што лесно се рециклираат и не ја загадуваат околината.

Наноцелулозата е проѕирен материјал добиен од дрво и сѐ почесто се користи како атрактивна замена на пластиката во производството на електронски делови.

Според резултатите од истражувањето, овој материјал може да се користи како заштитен слој на радиофреквентните кругови.

Иако наноцелулозата и порано се користела како заштитен материјал за фотонапонските ќелии, ова е прво истражување кое покажа дека наноцелулозата е погодна за користење како заштитен материјал и за радиофрквентните кругови.

И покрај ова значајно откритие, научниците велат дека под притисок на индустријата и потрошувачите оваа еколошка иновација може да остане неискористена, а проблемот со загадувањето и понатаму да остане актуелен.

Целото истражување е објавено на „Nature communications“ и можете да го прочитате на следниов линк.

Извор: www.nature.com.

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…