Јапонија ги наjави новите роботи-земјоделци

Јапонската компанија „Spread“ во 2017 година ќе ја отвори првата целосно роботизирана фарма за марули. Фармата целосно ќе биде управувана од роботи и ќе се простира на површина од 4.800 метри квадратни. Целата инвестиција ќе чини околу 14 милиони евра. Процесот на производство на марулите ќе биде роботизиран и единствената задача на луѓето ќе биде да ја вршат проверката на квалитетот на семињата.

Покрај комплетно роботизираниот процес, фармата ќе има и висока еколошка предност, затоа што водата ќе се рециклира дури до 98% и повторно ќе се користи во процесот на производство.

Компанијата „Spread“ очекува оваа фарма да произведува околу 10 милиони марули годишно со минимално учество на човечки ресурси.

За поголема ефикасност во производниот просец фармата ќе содржи и вештачко осветлување, кое ќе користи обновливи извори на енергија, со што производството нема да зависи од временските услови.

Извор: www.popsci.com 

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…