Направена е првата кибернетичка билка

Научници од неколку универзитети во Шведска ја создадоа првата кибернетичка роза. Иновативната технологија ќе им помогне на научниците да го регулираат хемискиот процес и растењето на растенијата со иницирање на фотосинтезата која стимулира развој на соларните ќелии.

Шведските истражувачи во листовите од розата и природните жили на растението поставиле полимерни жици од типот педот-с кои преку растителните ткива ја пренесуваат водата низ растението.

Покрај ова, научниците ги прелиле листовите на розата со друг вид на полимер кој создава „пиксели“ кои ги зафаќаат растителните вени. Со праќање на електрохемиски сигнали низ растителните вени се активираат пикселите кои ја менуваат бојата на листовите од светлозелена во темнозелена.

Раководителот на иноваторскиот тим, Магнус Берген, смета дека електронски надградените растенија ќе влијаат за подобро разбирање на функционирањето на растителниот свет. Според него, ова истражување ќе помогне и во создавање на интегрирани технологии, како што се биосензори, специјални ќелии врз база на фотосинтеза, регулатори на растот, но и уреди кои ќе ги следат внатрешните функции на растенијата.

Извор: www.sciencemag.org.

 

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…