Најголемата батерија за телефон во светот ќе трае до 15 дена со едно полнење

Има многу интересни истражувања кои вклучуваат печуркиалуминиум и хидроген, кога станува збор за новата генерација на батерии. Но што додека чекаме да дојде иднината?

А да пробаме со мега голема батерија во телефонот и да видиме како ќе помине? Токму тоа го направи кинескиот телефон К10000 од компанијата „Оукител“. Овој модел на телефон носи батерија од 10.000 милиампер часови и е дизајнирана да издржи меѓу 10 и 15 денови со регуларна употреба.

Со оглед на тоа дека на пазарот доминираат телефони кои мора да се полнат секојдневно, па дури и двапати дневно, овој телефон има добра стартна позиција за својата продажба.

Од кинеската компанија тврдат дека со нивната батерија најголемиот Ајфон може да се „полни“ трипати и пак да останат околу 10 проценти од батеријата. Интересно е што оваа батерија не тежи многу повеќе од стандардните. Целиот телефон има 192 грама за разлика од Iphone 6s Plus кој е тежок 184 грама. Телефонот е со сосема прифатлива цена, а работи на Андроид.

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…