Научниците развија компјутерски алгоритам кој учи побрзо од луѓето

Учењето на машините е опишано како вештачка интелигенција која може да учи многу бргу и да станува свесна за себе и за околината во која се наоѓа. Нов алгоритам кој го развија научниците во САД драматично го намалува времето за вештачката интелигенција да научи нови работи. Машината е способна да препознае визуелни симболи и да ги реплицира, а воопшто да не наликуваат на симболи што ги создала машина.

Со сета несовршеност што ја имаат, луѓето сепак учат многу бргу. Да научат одредени потези (танц, управување со машини, пишување...) на луѓето им е доволно еднаш до двапати да го видат пред да почнат да го реплицираат. За разлика од луѓето, на вештачката интелигенција ѝ е потребно многу повеќе време за да научи. Но повеќе не е така. Користејќи го она што се нарекува „Баесова програмата за учење“ истражувачите креирале алгоритам кој ефективно се програмира себеси и репродуцира визуелни симболи (ракопис).

За да ги реплицира визуелните симболи, тој ги креира малку поразлично за да создаде „карактер“ на виртуелната интелигенција. Во оваа смисла вештачката интелигенција е повеќе како човек. Луѓето никогаш не можат да направат две работи комплетно исти, а особено не ракопис или пак потпис.

Откако машината научила неколку карактери (како пишани букви на 50 јазици) истражувачите направиле тест да видат дали човек може да направи разлика од она што е напишано од страна на машина и она што е напишано од страна на човек. Се покажало дека ракописот на машината не се разликува од човечкиот ракопис. Истражувањата се објавени во научниот магазин „Science“.

Научниците се далеку од креирање на машини кои ќе бидат паметни како луѓе, но ова е првпат да се креира машина која користи реални концепти и која во некој дел наликува на човек, а од друга страна човекот не може да разликува дали станува збор за машина или не.

Извор: www.sciencealert.com

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…