Нов водоотпорен материјал инспириран од лотосов лист

Водоотпорните материјали се одличен начин да се одржат суви облеката, чевлите и другите производи и да се спречат оштетувањата од водата, но често пати тие содржат токсични материи, кои се лоши и за телото и за животната средина.

За среќа, истражувачите од Универзитетот Рајс развиле нов водоoтпорен материјал којшто не е штетен, а покрај тоа неговото производство е многу евтино.

Материјалот е составен од нова класа суперхидрофобни наноматеријали, а инспирацијата истражувачите ја добиле од природата – поточно од извонредната способност на листот од лотос да ја одбива водата.

Според истражувачите, способноста на листовите од лотос да ја одбиваат водата се должи на распореденеста на микроскопските и двојните наноструктури во листот.

Кај лотосот ова се постигнува благодарение на папилите во епидермисот и епикутикуларниот восок на површината“, вели хемичарот Ендрју Барон. „Во нашиот материјал има микроструктури создадени со агломерација на алуминиумски наночестички кои ги имитираат папилите и огромна мрежа од органски половини кои ги симулираат ефектот од епикутикуларниот восок“.

За да може да се нарече суперхидрофобен, материјалот треба да покаже агол на контакт со водата поголем од 150 степени. Агол на контакт претставува аголот под кој површината на водата се допира со материјалот.

Новиот материјал има агол од 155 степени, што во суштина го прави еднаков со најдобрите облоги врз база на флуоројаглерод.

Материјалот може да се нанесе на различни површини како спреј или како облога, а бидејќи е на база на хидројаглерод, не е штетен и е многу поевтин за производство од конвенционалните материјали на база на флуоројаглерод.

Покрај тоа што може да послужи за заштита на облеката од влага, новиот материјал, истакнуваат истражувачите, може да најде примена и во водени средина, особено во средини каде водата требе да биде заштитена од потенцијално штетните адитиви како што се флуоројаглеродите.  

На видеото од Универзитетот Рајс, може да погледнете колку е ефикасен овој материјал.

Извор: http://enauka.mk 

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…